• недела, 24 ноември 2024

Влатко Ѓорчев на самитот Конкордија во Њујорк

Влатко Ѓорчев на самитот Конкордија во Њујорк
26 септември 2022  Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев присуствуваше на Конкордија самитот во Њујорк, како најголем спореден настан со Генералното Собрание на ОН.

Самитот го отвори градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, а се обратија првата дама на САД Џил Бајден и гувернерката на Њујорк Кејти Хохул.

Првата дама Џил Бајден во свието обраќање се осврна на прашањата за децата и младите, образованието, ХИВ позитивните, ранетите воени ветерани, бегалците и помошта за сиромашните, нагласувајќи дека САД и претседателот Џо Бајден остануваат ангажирани и посветени на овие теми.

Ѓорчев се сретна со Марк Грин, директор на Вудро Вилсон Центарот, кој претходно беше конгресмен од Висконсин и претседател на ИРИ.

На Конкордија самитот Ѓорчев оствари средба и со Линда Томас Гринфилд, амбасадор на САД во Обединетите нации (ОН), која во своето обраќање зборуваше за улогата на САД во светот и глобалните процеси.

Ѓорчев на средбите ги информираше соговорниците за состојбите во Македонија, нагласувајќи дека е важно Македонија да има свои пријатели и партнери во светот.

Конкордија самитот е најголем спореден настан за време на Генералното Собрание на ОН, а оваа година се обратија Тони Блер, Жозе Мануел Баросо, принцезата Ранија, Колинда Грабар Китаровиќ и други.

Програмски партнери на самитот се Стејт департментот, градот Њујорк, УНИЦЕФ, Гугл, Сименс, Волмарт, Мекдоналдс, Фејсбук, Мајкрософт и други.

  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан