• среда, 13 ноември 2024

Властите во Санкт Петербург се подготвуваат да примат до 40 000 странци за финалето во ЛШ

Властите во Санкт Петербург се подготвуваат да примат до 40 000 странци за финалето во ЛШ
Санкт Петербург, 10 февруари 2022 (МИА) - Вицегувернерот на Санкт Петербург, Борис Пјотровски изјави дека градските власти се подготвуваат да примат до 40 000 странски навивачи на финалето на Лигата на шампионите. - На овој спортски настан му пристапуваме сериозно. Преминуваме во нова фаза на подготовки, кога постојано се подготвуваме за финалниот натпревар од Лигата на шампионите, постојано комуницираме со колегите и ја подготвуваме целата инфраструктура. Пред сé, ни претстојат сериозни предизвици - се подготвуваме да примиме до 40 илјади гости во градот, изјави Пјотровски. Санкт Петербург ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите 2021/22. Натпреварот ќе се одигра на 28 мај на „Газпром Арена“. Градот првично требаше да биде домаќин на финалето на турнирот во 2021 година, но поради пандемијата на коронавирус, датумите на претходно закажаните финалиња беа поместени за една година. зс/

Остани поврзан