• среда, 25 декември 2024

Властите во САД го следат движењето на Американците како дел од мерките за борба со коронавирусот

Властите во САД го следат движењето на Американците како дел од мерките за борба со коронавирусот
Вашингтон, 29 март 2020 (МИА) - Американските власти ја користат геолокацијата на милиони мобилни телефони за да предвидат сценарија за распространување на коронавирусот и за борба со инфекцијата, објави „Волстрит журнал“. Се дознава дека федералната Влада во соработка со Центрите за контрола на болести и профилактика, заедно со државните и локалите власти, ја следат локацијата на мобилните телефони на Американците, со цел да направат анализа на податоците за нивното движење, а во контекст на борбата против коронавирусот.. Властите, информациите за ова ги добиваат од рекламодавачите, кои поставуваат реклами на социјалните мрежи. Мобилните оператори такви информации не смеат да споделуваат со властите. Според изданието, властите добиваат информации само за локација на корисниците, без други лични податоци како име или телефонски број. Се дознава дека вакви податоци властите собираат во повеќе од 500 американски градови и главната цел е да се забележат обрасци во движењето на Американците, а тоа може да помогне во борбата со коронавирусот. Од своја страна пак, со употребата на овие технологии од страна на властите, активистите за заштита на приватноста бараат „силна законска заштита“ за корисниците. кб/ссм/

Остани поврзан