• четврток, 26 декември 2024

Властите во Марсеј ги забранија денешните протести против полициската бруталност

Властите во Марсеј ги забранија денешните протести против полициската бруталност

Марсеј, 30 јуни 2023 (МИА) - Властите во Марсеј одлучија да ги забранат денешните демонстрации против полициската бруталност по убиството на 17-годишен тинејџер.

Според нив, целиот јавен превоз ќе запре во 19 часот.

Француското Министерство за внатрешни работи, пак, соопшти дека синоќа за време на насилните демонстрации во Марсеј, Лион, Пау, Тулуз и Лил биле приведени 875 лица. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан