Властите во Газа тврдат дека 40 лица загинале во израелски напад во централниот дел на Појасот Газа
- Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа соопшти дека во „грозоморен масакр“ што го извршиле израелските сили во централниот дел на енклавата, загинале 40 лица, а повеќе од сто се повредени.
Газа, 22 февруари 2024 (МИА) – Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа соопшти дека во „грозоморен масакр“ што го извршиле израелските сили во централниот дел на енклавата, загинале 40 лица, а повеќе од сто се повредени.
Тие додаваат дека огромно мнозинство од жртвите се жени и деца, јави Ал Џезира.
- Покрај Израел, ја сметаме американската администрација и меѓународната заедница целосно одговорни за овие тековни злосторства и го повикуваме слободниот свет веднаш да ја прекине оваа војна за истребување од страна на израелската војска против цивилите, соопшти Канцеларијата. јт/
Фото: МИА архива