• недела, 24 ноември 2024

Властите во Авганистан трагаат по 37 лица кои побегнале од болница со сомненија дека се заразени со коронавирус

Властите во Авганистан трагаат по 37 лица кои побегнале од болница со сомненија дека се заразени со коронавирус

Кабул, 17 март 2020 (МИА) - Најмалку 37 лица со сомнение дека имаат коронавирус побегнале од болница во Херат во западен Авганистан, извести портпаролот на министерот за здравство на Авганистан.

Луѓето биле во изолација, а во бегството од болницата им помогнале роднини, откако го претепале персоналот на болницата, изјави портпаролот Вахидулах Мајар.

Мајар, исто така, ја критикуваше полицијата бидејќи не преземала ништо за контрола на ситуацијата.

Во меѓувреме портпаролот на гувернерот на Херат, Фахрад Џелани истакна дека едно од лицата кои се во бегство е позитивен на коронавирусот.

Власта на Авганистан успеа да пронајде седум од лицата кои избегале и да ги врати во болница. Потрагата за останатите продолжува.

Луѓето кои побегнале од болницата неодамна се вратиле од Иран, наведува авганистанското министерство за здравство. ки/сд/

Остани поврзан