• петок, 27 декември 2024

Владино - државниот врв на традиционален божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Владино - државниот врв на традиционален божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваа на традиционалниот божиќен ручек што го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Како што соопштија од владината прес - служба, на традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино - државниот врв споделија пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за сплотеност и единство во име на просперитет и посветла иднина.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан го организира божиќниот ручек секоја година во чест на божиќните празници и неговиот именден - празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан. вг/лв/

Фото: Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан