• среда, 27 ноември 2024

Владиниот совет за национална безбедност на Грција го одобри учеството на земјата во операцијата во Црвеното Море

Владиниот совет за национална безбедност на Грција го одобри учеството на земјата во операцијата во Црвеното Море

Атина, 26 февруари 2024 (МИА) – Учеството на Грција во операцијата „Аспидес“ во Црвеното Море, било одобрено за време на состанокот на Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис соопшти дека на денешниот состанок, „по предлог на министерот за национална одбрана Никос Дендиас, беше одобрено учество на Грција во операцијата „Аспидес“ за заштита на слободната пловидба во регионот на Црвеното Море“.

На состанокот, исто така станало збор и за мигрантското прашање, надлежниот министер за миграција и азил, Димитрис Керидис, информирал за актуелната ситуација, односно за „големото намалување на мигрантските бранови“, но и за постепеното намалување на бројот на лица кои престојуваат во прифатните центри во земјата.

-Според податоците презентирани од господинот Керидис, бројот на оние кои престојуваат во прифатните центри на островите во источниот дел на Егејското Море е намален за над 25 отсто во споредба со почетокот на јануари, соопшти Маринакис. ср/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан