• среда, 25 декември 2024

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“

Скопје, 5 мај 2024 (МИА) - Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје, соопшти владината прес - служба.

Со свечената Велигденска литургија, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм. вг/

Фото: Влада 

Остани поврзан