• сабота, 23 ноември 2024

Владејачката партија „Грузиски сон“ освои 53 отсто од гласовите врз основа на преброени гласови од 70 отсто од избирачките места

Владејачката партија „Грузиски сон“ освои 53 отсто од гласовите врз основа на преброени гласови од 70 отсто од избирачките места

Тбилиси, 26 октомври 2024 (МИА) - Владејачката партија во Грузија, „Грузиски сон“ на денешните парламентарни избори освои 53 отсто од гласовите, врз основа на преброените гласови од 70 отсто од избирачките места, соопшти Грузиската Централна изборна комисија.

Како што се додава, излезноста на изборите била 58,94 отсто.

Лидерот на партијата „Грузиски сон“, Мамука Мдинарадзе изјави дека партијата го освоила парламентарното мнозинство добивајќи околу 90 мандати.

Опозицијата исто така прогласи победа, тврдејќи дека е на пат да освои мнозинство. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан