• вторник, 24 декември 2024

Влада: Соработка со Италијанската Република во борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца кои се жртви на трговија со луѓе

Влада: Соработка со Италијанската Република во борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца кои се жртви на трговија со луѓе

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Владата, на денешната 13. седница, го разгледа и усвои Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување на Протокол со Владата на Италијанска Република, за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца кои се жртви на трговија со луѓе и го разгледа и прифати Нацрт-текстот на Протоколот, предложен од Министерството за внатрешни работи.

-Склучувањето на Протоколот, според Информацијата од МВР, има за цел да придонесе во унапредувањето на безбедносната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави, особено во спречувањето и борбата против сите форми на трговија со луѓе и злоупотреба на деца жртви на трговија со луѓе, посочуваат од владината прес-служба.вј/нд/

Фото: Влада

 

Остани поврзан