• четврток, 26 декември 2024

Влада: Одржани дискусии за приоритети и предлози за националните стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам

Влада: Одржани дискусии за приоритети и предлози за националните стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Во насока на подготовка на новите стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (2022–2026), Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам одржа три работилници на кои учесниците ги мапирале потребите и приоритетите на општеството во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот кои неопходно е да бидат уважени при процесот на подготовка на новите документи. -Почитувајќи ги принципите на транспарентност, одговорност и отчетност беа поканети општествени чинители од различни профили кои можат да дадат значителен придонес во носењето на стратешките документи. На дискусиите учествуваа Националниот координатор и неговите заменици како и претставниците на државните институции, верските заедници, медиумите, академската заедница, граѓанските и меѓународните организации, информира владината прес-служба. Улогата на државата во спречување на насилен екстремизам којa води кон тероризам, нагласуваат од Владата, е од исклучително значење, затоа е потребно континуирано јакнење на техничките и човечките капацитети на нејзините институции. -Почетна и главна точка на севкупните активности во следниот период треба да биде раната превенција кај младата популација. Семејството, образованието, локалната заедница се области во кои сите чинители потребно е да ги фокусираат своите активности, имајќи предвид дека тоа е опкружувањето кое директно влијае при формирањето на совесна младина која нема да посегне кон екстремизам, радикализам и крајно кон тероризам, стои во заклучоците од дискусиите, се нагласува во соопштението од Владата. Членството во Северноатлантската алијанса како и интенцијата за идно членство во Европската Унија на нашата земја, се додава во него, ја наметнува потребата Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам двете национални стратегии да ги подготви во соработка со домашни експерти, но, во рамките и согласност со европските директиви. сст/нд/  

Остани поврзан