• недела, 22 декември 2024

Влада на Србија: Меморијален центар во спомен на жртвите од масовното убиство во Владислав Рибникар

Влада на Србија: Меморијален центар во спомен на жртвите од масовното убиство во Владислав Рибникар

Белград, 8 март 2024 (МИА) - Владата на Република Србија на денешната седница, на барање на семејствата на убиените, донесе Одлука за формирање на Работна група за Меморијалниот центар во спомен на жртвите од масовното убиство во „Владислав Рибникар во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Семејствата формираа мултидисциплинарен тим кој ќе спроведе опсежни консултации и ќе подготви препораки и предлози за конкретни мерки за формирање на Меморијалниот центар, неговата програмска работа, формулирање на условите на меѓународниот идејно архитектонски конкурс и избор на најдоброто решение за тој центар.

Во соопштението на Vладата се наведува дека Работната група е должна да ги спроведе овие препораки и мерки преку своите ресори и потоа да ги предложи до Владата на усвојување.

-Задачата на Работната група е да ги насочува и координира активностите за формирање на Меморијалниот центар и да во однос на потребите на семејствата на жртвите на злосторството и пошироката заедница, а врз основа на спроведената постапка на обемна консултации, добиените информации и набљудуваните околности, да даде препорака на кој начин треба да се развива, да се негува и промовира културата на сеќавање, доблестите на емпатијата, толеранцијата, меѓусебното почитување и дијалогот и за таа цел да предложи конкретни мерки кои треба да се преземат во однос на формирањето на Меморијалниот центар и програмските содржини, се наведува во соопштението на владата.

Со оваа одлука, Владата на Србија прецизираше дека до донесување на урбанистичко, архитектонско и градежно решение за Меморијалниот центар и уредување на новата амбиентална целина, во целина се изземаат парцелите на кои се наоѓа ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград. Истовремено, Министерството за образование ќе обезбеди соодветни услови за непречено извршување на воспитно-образовната дејност во тоа училиште на друг начин. об/

Остани поврзан