• сабота, 23 ноември 2024

Влада: Лага е изјавата на Мицкоски дека Владата платила за анкетата од „Брима“, бараме извинување

Влада: Лага е изјавата на Мицкоски дека Владата платила за анкетата од „Брима“, бараме извинување
Скопје, 20 септември 2021 (МИА) - Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на телевизијата Канал 5 изнесе целосно неточна информација дека анкетата на „Брима“, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, соопшти владината прес-служба. -Не постои јавна набавка за анкетата, односно истражување на јавното мислење на „Брима“, ниту, пак, таа е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата, се вели во соопштението. Од Владата бараат Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните и на Владата за, како што велат, ваквата груба лага. мд/с/а

Остани поврзан