• недела, 17 ноември 2024

Владата ќе ја одржи 88. седница

Владата ќе ја одржи 88. седница
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 88-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. На денешната седница, меѓу другото, како што соопшти владината прес-служба, ќе биде разгледана информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на непрописните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот Регион, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерството за труд и социјална политика за оваа седница ја предложи точката Информација во врска со Предлог на стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година, со Предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026.  дма/аа/

Остани поврзан