• петок, 27 декември 2024

Владата ја усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка

Владата ја усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка
Скопје, 9 март 2021 (МИА) - Владата на денешната 51.седница ја разгледа и усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста Елем Турс да се одвои од АД Електрани на Северна Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата. Во оваа иницијатива учествуваат Министерството за економија, Елем Турс Скопје, Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Општина Тетово, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Граѓанска иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка”. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, било констатирано дека главна цел за покревање на иницијативата е сите засегнати страни да ги разгледаат можностите, со цел да креираат модерен, високо квалитетен скијачки центар, што ќе биде од национално и меѓународно значење и максимална грижа за постигнување рамнотежа помеѓу природните еко-системи и природните убавини на Шар Планина. ки/дма/  

Остани поврзан