• среда, 13 ноември 2024

Владата ја разгледа информацијата за потрошувачката на струја од институциите

Владата ја разгледа информацијата за потрошувачката на струја од институциите
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Владата на денешната 93-та седница ја разгледа Информацијата со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции, подготвена од Министерството за економија. - Министерството за економија беше задолжено да достави ваква информација и анализа до Владата, откако органите на државната управа, институциите коишто немаат статус на органи на државната управа и правните лица основани од државата, преку Генералниот секретаријат на Владата, беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија, информира владината прес-служба. Како што се наведува во соопштението задолжението се однесува на заштеди од 15 отсто на месечно ниво, започнувајќи од 1 септември 2022 година, заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година. - Информацијата е доставена до Владата како материјал за информирање, а за деталите јавноста ќе биде информирана од страна на Министерството за економија, преку прес-конференција, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан