• сабота, 23 ноември 2024

Владата усвои протоколи за спроведување на државна матура и квалификационо тестирање

Владата усвои протоколи за спроведување на државна матура и квалификационо тестирање
Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) - Владата, на денешната 65-та седница ги усвои протоколите за спроведување на државна матура и за постапување за време на квалификационото тестирање на учениците. Од владината прес-служба наведоа дека е усвоен протокол за постапување за време на квалификационото тестирање на учениците кои имаат интерес за запишување во средните училишта во паралелките во кои се изучува германски јазик со шест часа неделен фонд, во паралелките во кои се реализира билингвална настава и во паралелката во која се реализира програмата за Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито”, во учебната 2020/2021 година. - На оваа седница е усвоен и Протокол за државна матура, кој е наменет за учениците што во претходните учебни години положиле испити од училишна матура или завршен испит со четиригодишно траење и се пријавиле за полагање на испитите за државна матура во учебната 2019/2020 година, информираа од владината прес-служба.см/вј/

Остани поврзан