• среда, 27 ноември 2024

Владата усвои План со мерки и препораки за намалени расходи и за зголемени приходи

Владата усвои План со мерки и препораки за намалени расходи и за зголемени приходи
Скопје, 9 октомври 2022 (МИА) - План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст со политики, препораки, мерки и индикатори, е усвоен денеска на седница на Владата. Се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите согласно Планот за фискална одржливост. Предвидени се, како што е образложено од страна на Министерството за финансии, политики, мерки и препораки за намалување на расходите, за зголемување на приходите, за единиците на локалната самоуправа и за јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, информира владината прес-служба. Политиката за намалување на расходите, опфаќа Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10 проценти  во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект, односно заштеда од околу три милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи; Исто така, консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20 проценти во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуваниот фискален ефект е околу три милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи. Воедно и консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20 проценти во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуван фискален ефект е околу три милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи иСо политика за подобрена структура на капиталните расходи, пак се предвидува, квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти. Во делот на политиките за зголемување на приходите предвидено е, меѓу другото, оптимизација на даночниот систем, преку консолидирање и проширување на даночната основа кај директните и индиректните даноци и акцизите, намалување на даночната евазија и даночната арбитража и зголемување на даночната транспарентност. И во делот на политиките за единиците на локалната самоуправа се препорачува намалување на тековните расходи. А, во услови на нарушено снабдување на пазарот на електрична енергија, општините да ја разгледаат можноста за спроведување на централизирана набавка на електрична енергија за институциите под нејзина надлежност, со цел постигнување пониска цена во снабдувањето со електрична енергија, како и буџетските единки основани од општината, да пристапат кон заеднички набавки за електрична енергија.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан