• сабота, 28 декември 2024

Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје

Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје
Скопје, 13 јануари 2022 (МИА) - Владата на денешната 133-та седница донесе одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Како што информираат од владината прес-служба, со одлуката се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. -Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД „Електрани на Северна Македонија” Скопје со сопствени средства, соопшти Владата. Оттаму посочуваат дека одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до крајот на месецов. -Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија, потенцираат од Владата.вј/дма/

Остани поврзан