• среда, 25 декември 2024

Владата нема да ја обжали пресудата на ЕСЧП што ја добија исклучените граѓани од парното

Владата нема да ја обжали пресудата на ЕСЧП што ја добија исклучените граѓани од парното
Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) - Владата нема да ја обжали пресудата на Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права од Стразбур  (ЕСЧП) што ја добија исклучените граѓани од системот за централно греење во Скопје. Владата на денешната 65 седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за упатување жалба на предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други, и донесе заклучок да не поднесе барање за обжалување на пресудата пред Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права. -Со оваа одлука да не ја обжали одлуката на ЕСЧП, Владата ја прифати пресудата на судот по предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други што го покренаа осуммина граѓани од нашата земја кои се жалеа обврската да плаќаат надоместок за  парно греење на приватните снабдувачи со топлинска енергија, иако беа исклучени од топловодната мрежа, соопшти владината прес-служба. вј/лв/

Остани поврзан