• среда, 18 декември 2024

Владата на Црна Гора го продолжи спроведувањето на пописот на населението до 28 декември

Владата на Црна Гора го продолжи спроведувањето на пописот на населението до 28 декември

Подгорица, 15 декември 2023 (МИА) - Владата на Црна Гора денеска донесе уредба според која, спроведувањето на пописот на населението ќе се продолжи за 10 дена, односно до 28 декември.

Одлуката за тоа беше донесена на денешната седница, кога, врз основа на собраните согласности од мнозинството членови беше усвоена нова Уредба за утврдување на периодот на пописот на населението, домаќинствата и становите и референтниот момент на пописот, јави РТЦГ.

Владата ја смени и одлуката за висината и распределбата на средствата на пописните комисии, со што надокнадата на членовите на комисијата од 100 евра е зголемена на 200 евра. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан