• вторник, 24 декември 2024

Владата на Хамас објави нов биланс на жртви во Газа – 20.258 загинати

Владата на Хамас објави нов биланс на жртви во Газа – 20.258 загинати

Газа, 23 декември 2023 (МИА) - Палестинската влада на движењето Хамас денеска соопшти дека во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври досега се убиени 20.258 лица.

Во таа бројка се вклучени 201 лице кои загинале во последните 24 часа, соопшти Министерството, додавајќи дека повеќе од 53.000 се повредени.

Како што претходно пренесоа светските медиуми, по нападот на Хамас на 7 октомври, Израел објави дека има две цели, да го уништи Хамас и да ослободи 129 заложници, кои се уште се во заробеништво на екстремистите во Газа.

Израелските лидери велат дека интензивниот воен притисок е единствениот начин да се ослободат повеќе заложници, но семејствата се загрижени дека бомбардирањето ги доведува во поголема опасност. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан