• среда, 18 декември 2024

Владата на Косово донесе одлука за забрана на ТикТок во јавните институции

Владата на Косово донесе одлука за забрана на ТикТок во јавните институции

Приштина, 28 јуни 2024 (МИА) - Владата на Косово денеска донесе одлука за забрана на апликацијата „ТикТок“ во јавните институции со цел да се елиминираат кибер ризиците.

Заменикот министер за внатрешни работи и јавна управа на Косово, Бардиљ Добра, изјави дека одлуката е превентивна мерка, следејќи ги чекорите на европските земји.

„Рековме дека е дозволено користење на ТикТок на лични уреди, но не и на државниот систем,“ рече тој.

Одлуката е донесена со цел да се елиминираат сајбер ризиците и сите институции се обврзани да ги воспостават потребните технички ограничувања за забрана на TikTok, беше речено по седницата на владата.

Владата на Косово исто така усвои стратегија за борба против дрогата за периодот 2024-2028 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан