• четврток, 26 декември 2024

Владата на Абе поднесе оставка, се очекува Парламентот да изгласа нов премиер на Јапонија

Владата на Абе поднесе оставка, се очекува Парламентот да изгласа нов премиер на Јапонија
Токио, 16 септември 2020 (МИА) - Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и неговата Влада денеска поднесоа оставка, а Парламентот треба да гласа за кандидатурата на неговиот наследник. Долгогодишниот соработник на Абе, Јошихиде Суга (71) во понеделникот победи на изборите за претседател на владејачката Либерално демократска партија. Суга, кој повеќе години беше генерален секретар на јапонската Влада, најави дека ќе ја следи монетарната поилитика, државната потрошувачка и реформите на Абе. Абе минатиот месец најави дека ќе се повлече од премиерската функција поради здравствени проблеми. ми/

Остани поврзан