• сабота, 23 ноември 2024

Владата и ЕБРД ќе потпишат Меморандум за поддршка на процесот за членство во ЕУ

Владата и ЕБРД ќе потпишат Меморандум за поддршка на процесот за членство во ЕУ
Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) - Владата на вечерашната седница го разгледа и го усвои Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија и го овласти претседателот на Владата, Зоран Заев, да го потпише Меморандумот. Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, овој Меморандум има за цел да обезбеди рамка за соработка помеѓу Владата и Банката со цел поддршка на процесот за членство на земјата во Европската Унија преку комбинација на инвестиции и техничка помош. Меморандумот ќе се фокусира на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и на зајакнување на инвестициската клима и управување. ев/дма/

Остани поврзан