• среда, 18 декември 2024

Владата донесе Уредба за примена на Законот за ААВМУ за време на вонредна состојба

Владата донесе Уредба за примена на Законот за ААВМУ за време на вонредна состојба
Скопје, 3 април 2020 (МИА) - Уредба со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, беше усвоена на денешната седница на Владата. Со Уредбата за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба се регулира поднесувањето на пријави во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за реемитување на програмски сервиси на странски радиодифузери кои операторите планираат да ги реемитуваат на својот програмски сервис за територијата на Република Северна Македонија, операторите ги доставуваат пријавите во ААВМУ. Подзаконските акти донесени од ААВМУ согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги продолжуваат да се применуваат се до донесувањето на соодветните подзаконски акти определени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, информираат од владината прес-служба. дма/сст/

Тагови

Остани поврзан