• петок, 27 декември 2024

Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 

Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Владата на денешната 19-та седница ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица со што цената на осигурувањето се враќа на ниво од пред 25 април годинава.

-Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15 до 30 отсто, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност. За износ на трошоците над 30 отсто, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, информираат од Владат аи нагласуваат дека денешната одлука на Владата значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.

Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е в

Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30 септември, секоја година, до Владата доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

Владата на денешната седница ја разгледа и утврди и Нацрт Реформската агенда 2024-2027 година во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан, со статус 30.04.2024 година и ги прифати сите технички корекции на реформските цели и следните чекори, по што се испраќа до Европската комисија.

Реформската агенда, согласно предвидената процедура, треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување Договор за инструментот за реформи и раст и Договор за заем, како и поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7 отсто од алокацијата за земјава.вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан