• петок, 27 декември 2024

Владата го разгледа новиот Национален план за управување со квалитетот на јавниот сектор

Владата го разгледа новиот Национален план за управување со квалитетот на јавниот сектор
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Владата на денешната 85-та седница ја разгледа Информацијата за почеток на изработка на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Северна Македонија 2023-2025 година, подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Новиот Национален план има за цел подобрување на услугите што владините институции ги нудат преку изградба на ефикасен, модерен и транспарентен граѓански сервис што ќе обезбеди висок квалитет на работа. - Ваквите иницијативи и модерни практики во примената на меѓународните стандарди за квалитет во управувањето се очекува во иднина да бидат интегриран во сите владини политики и да станат императив во сите јавни институции, информира владината Прес-служба. Како што се наведува во соопштението од владината седница, подготовката на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор за периодот 2023-2025 година, Министерството за информатичко општество и администрација го започна со поддршка на Регионалниот центар за управување со квалитет од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA). свс/сп/

Остани поврзан