• петок, 27 декември 2024

Владата го одобри предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Владата го одобри предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк
Скопје, 2 март 2021 (МИА) - Владата на денешната 50-та седница го утврди текстот на Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање. - Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија - Национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес, информираат од владината прес служба, по завршувањето на седницата. Владата на денешната 50-та седница го разгледа и усвои и Планот за борба против корупцијата и здравствениот протокол за непречено спроведување на Пописот. аа/нд/

Остани поврзан