• среда, 13 ноември 2024

Владата го задолжи МЗ да достави Програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза за 2024 година

Владата го задолжи МЗ да достави Програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза за 2024 година

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Владата денеска на седница разгледа и усвои Информација од Министерството за здравство за давање согласност за преземање обврски, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства за набавка на комбинирана терапија со лекот Kaftrio и лекот Kalydeco, за пациентите со цистична фиброза во државава.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата дала согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во 2024 и 2025 година на Министерството за здравство, за набавка на ваквата комбинирана терапија, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари.

- Се работи за лек што e одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата, според информацијата од Министерството за здравство е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над шест години, се појаснува во соопштението од Владата. 

Задолжено е Министерството за здравство да достави до Владата предлог програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза, за 2024 година. цр/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан