Вкупно 99 крвни единици собрани на крводарителска акција во Делчево
- Акцијата беше една од помасовните во овој период од годината. Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот, истакна Ангеловски.

Делчево, 6 мaрт 2025 (МИА) - Во просториите на Општинската организација на Црвен крст - Делчево, денеска се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец март. На денешната крводарителска акција, како што информираше организациониот секретар Ивана Ангеловски, беа собрани 99 крвни единици.
- Акцијата беше една од помасовните во овој период од годината. Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот, истакна Ангеловски.
Таа додаде дека сите редовни крводарители со над 10 дарувања може да се пријават во просториите на Општинската организација за признанија што наскоро ќе бидат доделени на повеќекратни дарители.
Општинската органзизација на Црвен Крст - Делчево, утре ќе реализира крводарителска акција и во Општина Македонска Каменица. вс/бд/
Фото: МИА