• сабота, 23 ноември 2024

Вкупно 78 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Битола 

Вкупно 78 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Битола 

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - МВР соопшти дека во текот на денешните контроли од 13  до 19 часот што ги спроведе Секторот за внатрешни работи Битола биле санкционирани 78 возачи за брзо возење. Од изречените мерки, 36 биле на подрачјето на Ресен, 16 во Битола, 15 во Прилеп, шест во Македонски Брод, три во Крушево и по две на подрачјето на Демир Хисар.   

Според МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан