• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вкупно 42 крвни единици обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци 

Вкупно 42 крвни единици обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци 

Кавадарци, 12 март 2025 (МИА) – Во организација на Црвен крст, Комисија за еднакви можности и аптеките „Bela Farm“, денеска, Институтот за трансфузиона медицина Скопје реализираше доброволна крводарителска акција во Кавадарци, на која беа обезбедени вкупно 42 крвни единици.

– Вкупно 42 единици крв, од кои 9 крводарители жени и 33 мажи. Акцијата беше прекрасна можност да ја покажеме нашата солидарност и хуманост, дарувајќи крв која може да спаси нечиј живот. Благодариме на сите кои се приклучија и учествуваа, поддршката е клучна за успехот на оваа иницијатива. Секој крводарител е херој, а секоја капка крв е драгоцен дар за оние кои имаат потреба, истакнаа организаторите на акцијата.  

Оттаму изразија благодарност за хуманоста и солидарноста. свд/ра

Фото: Комисија за еднакви можности

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан