• сабота, 23 ноември 2024

Вкупно 4.767 даночни обврзници не ја платиле разликата за доплата на данокот на личен доход

Вкупно 4.767 даночни обврзници не ја платиле разликата за доплата на данокот на личен доход

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи денеска информира дека 4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данок на личен доход за 2023 година за која законскиот рок беше до 30 јуни. 

Во следниот период, како што денеска информираа од УЈП, ќе се премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 проценти дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.

- Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10.000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172, се вели во соопштението од УЈП. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан