• четврток, 26 декември 2024

Вкупно 22 прекршоци на забраната за движење, 525 санкции за неносење маски

Вкупно 22 прекршоци на забраната за движење, 525 санкции за неносење маски
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - За време на полицискиот час, од 22 часот синоќа до 5 часот утринава, констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив, 11 се на територија на СВР Скопје, соопштија од МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци. -Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19, се наведува во соопштението на МВР. бт/са/

Остани поврзан