• четврток, 19 декември 2024

„Вијести“: Србија купи дополнителен дел од црногорскиот систем за пренос на енергија

„Вијести“: Србија купи дополнителен дел од црногорскиот систем за пренос на енергија
Белград, 12 јануари 2021 (МИА) - Компанијата Електромрежа на Србија (ЕМС) купи околу пет отсто од акциите на Црногорскиот систем за пренос на електрична енергија (ЦГЕС) за околу седум милиони евра, објави подгоричкиот весник „Вијести“, додека ЕМС одби да ја потврди информацијата. Акциите се купени од малите акционери по просечна цена од околу 0,95 евра, со раст од околу девет отсто во споредба со претходната цена. Со оваа трансакција ЕМС, која е државна компанија во сопственост на Србија, ќе има вкупно околу 15 отсто од акциите, бидејќи пред пет години купи десет проценти од акциите на ЦГЕС за 13,8 милиони евра. Мнозински сопственик на ЦГЕС е Владата на Црна Гора со 55 проценти од акциите, италијанската Терна има 22 отсто, сега ЕМС 15 проценти, а останатите сопственици се малите акционери. Од ЕМС не сакаа за „Вијести“ да ја коментираат денешната трансакција се додека таа не биде завршена, односно се додека не се солдираат акциите за два дена. об/ми/

Остани поврзан