• сабота, 06 декември 2025

Вицепремиерот Фетаи оствари средба со Даниел Џ. Лоутон од Стејт департментот

Вицепремиерот Фетаи оствари средба со Даниел Џ. Лоутон од Стејт департментот

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи остварил работна средба со Даниел Џ. Лоутон, заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања (EUR) при Стејт департментот.

На средбата, како што соопшти Кабинетот за заменик-претседателот на Владата, се разговарало за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеење на правото, институционалните реформи, борбата против корупцијата и зајакнувањето на практиките на добро владеење.

Заменик-претседателот на Владата ја потенцирал посветеноста на Владата за унапредување на демократските стандарди, зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и спроведувањето на реформи кои обезбедуваат правично и ефикасно функционирање на јавните институции.

Заменик-помошник државниот секретар ја реафирмирал поддршката на САД за реформските процеси во земјата, потенцирајќи ја важноста од продолжување на стабилните политики што го поттикнуваат евроатлантското интегрирање, институционалната стабилност и демократскиот развој.

Двајцата соговорници се согласиле да продолжат со редовна комуникација и координација за прашањата од заеднички интерес, со посебен акцент на зајакнување на доброто владеење и институционалниот интегритет.

Во рамки на посетата, заменик-претседателот на Владата остварил средба и со Марк Тервакоски, директор на Канцеларијата за Европа и Азија при Бирото за Меѓународни наркотични прашања и спроведување на законот, соопшти Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владење. бак/лв/

Фото: Кабинет за заменик-претседателот задолжен за добро владеење

Остани поврзан