Вицепремиерот Сали во Брисел се сретна со директорката за Западен Балкан, Суперти
- -За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во спроведувањето на Агендата за реформи и Планот за раст, при што земјата покажува одржлив напредок во клучни области како владеење на правото, јавната администрација и дигитализацијата на услугите. Исто така, беше оценет напредокот во подготовката на Роадмеповите за реформи и тековната координација со Европската комисија, информира Кабинетот на Сали.
Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали денеска во Брисел оствари средба со директорката за Западен Балкан, Валентина Суперти.
-За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во спроведувањето на Агендата за реформи и Планот за раст, при што земјата покажува одржлив напредок во клучни области како владеење на правото, јавната администрација и дигитализацијата на услугите. Исто така, беше оценет напредокот во подготовката на Роадмеповите за реформи и тековната координација со Европската комисија, информира Кабинетот на Сали.

Вицепремиерот ја истакнал посветеноста на Владата за унапредување на реформите и за постојана поддршка од европските партнери, како и подготвеноста за справување со практичните предизвици, како што е имплементацијата на Системот Exit/Entry за транспортерите.
Во рамки на соработката со Претседателството на Кипар и европските институции, било повторено дека Македонија се обврзува да продолжи со брзи и одржливи чекори кон интеграцијата во Европската унија, обезбедувајќи стабилност, просперитет и одржлив развој за граѓаните. мч/са/
фото: Кабинет на министерот за европски прашања