• четврток, 26 декември 2024

Вицепремиерот Меџити се сретна со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Вицепремиерот Меџити се сретна со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска остварил работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во државава, Рафаел Соријано Ортиз.

Меџити и Ортиз, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, ги оцениле односите меѓу двете земји како одлични и со голем капацитет за проширување на соработката во многу области од заеднички интерес.

Вицепремиерот Меџити изразил благодарност за поддршката што Шпанија постојано и ја дава на Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија, притоа ценејќи ја многу интензивната соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, на билатерален план.

Амбасадорот Ортиз позитивно ги оценил реформите што ги прави нашата земја за приближување кон Европската Унија, додека средствата што Европската комисија ги издвојува за нашата земја како доказ дека земјата напредува. Исто така, тој додал дека билатералната соработка, со 30-годишна историја, е  одлична.

- Директното воздушно поврзување со Шпанија влијае на зголемениот број на посетители во двете земји, изјавил амбасадорот на Шпанија.

Заблагодарувајќи му се на шпанскиот амбасадор за соработката, вицепремиерот Меџити нагласил дека новата влада е про-бизнис ориентирана и ги поканил шпанските компании да инвестираат во нашата земја. цр/лв/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Остани поврзан