• среда, 25 декември 2024

Вицепремиерот Меџити на координација со министрите од коалицијата „Влен“

Вицепремиерот Меџити на координација со министрите од коалицијата „Влен“

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити одржал координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на коалицијата „Влен“.

- Во насока на обезбедување висок степен на ефикасност во спроведувањето на нашите програмски заложби, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити почнува пракса на редовна координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на Коалицијата ВЛЕН, се наведува во денешното соопштение испратено од БЕСА.

Ваквиот тип на координација, како што се посочува во соопштението, ќе се прошири и со замениците министри и другите избрани и именувани кадри на ВЛЕН во извршната власт. 

- Остануваме целосно посветени на спроведување на предизборните ветувања и спроведување на политики кои ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, ќе го подигнат животниот стандард и ќе обезбедат сигурна иднина. Фокусирани сме на динамизирањето на ЕУ перспективите, борбата против корупцијата, економскиот развој и децентрализацијата на власта кон општините како прв непосреден сервис за граѓаните. Имаме план и визија за испорачување на резултати во прецизно утврдени рокови. Заедно со претседателот на Собранието  и пратениците од владејачката коалиција ќе предлагаме и усвојуваме соодветни законски решенија, се вели во соопштението. дма/бак/

Фото: БЕСА

Остани поврзан