• вторник, 24 декември 2024

Вицепремиерот и шеф на дипломатијата на Луксембург, Бетел утре ќе престојува во Косово

Вицепремиерот и шеф на дипломатијата на Луксембург, Бетел утре ќе престојува во Косово

Приштина, 3 ноември 2024 (МИА) – Во официјална посета на Косово утре се очекува да допатува вицепремиерот и министер за надворешни работи и трговија на Луксембург, Хавиер Бетел, кој, освен со неговата хомолошка, шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала, ќе се сретне и со претседателката на државата, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од претседателскиот кабинет се наведува дека Османи ќе го прими гостинот од Луксембург во нејзиниот кабинет попладне, во 15.20 часот.

Средбата на Бетел со неговата домаќинка, вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Грвала ќе се одржи во 12.40 часот, по што е најавена и изјава за медиумите. иа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан