• сабота, 23 ноември 2024

Вицепремиерот Битиќи ја пречека косовската претседателка Османи на граничниот премин „Блаце“

Вицепремиерот Битиќи ја пречека косовската претседателка Османи на граничниот премин „Блаце“
Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи утрово на граничниот премин „Блаце“ ја пречека претседателката на Република Косово, Вјоса Османи - Садриу, која престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија, изразувајќи надеж дека оваа посета уште повеќе ќе ги зајакне одличните односи помеѓу двете земји, и ќе даде позитивен импулс за натамошен развој и интензивирање на севкупната соработка.Како што информираат од владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи беше придружуван од амбасадорката на Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи, од амбасадорот Гоце Карајанов, посебен советник на претседателот Пендаровски за надворешна политика, и амбасадорот Кенан Рамадани, директор на Директоратот за протокол при Министерството за надворешни работи.
Вицепремиерот Битиќи е дел од делегацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски кој е домаќин на претседателката Османи-Садриу и ќе учествува на пленарниот состанок на делегациите на Северна Македонија и на Косово, по што е предвидена и заедничка прес - конференција на претседателите на двете држави.Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев, по што претседателка Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија. дма/са/
Фото: Влада
 
 

Остани поврзан