• петок, 27 декември 2024

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новата амбасадорка на Шведска, Ами Ларсон Џеин

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новата амбасадорка на Шведска, Ами Ларсон Џеин
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска оствари средба со новата амбасадорка на Кралството Шведска во земјава, Ами Ларсон Џеин. Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека двете земји се во интегративни процеси - Северна Македонија кон Европската Унија, а Шведска кон НАТО. Амбасадорката Ларсон Џеин изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја дава на интеграцијата на Шведска во НАТО. На состанокот, како што соопшти Кабинетот на Битиќи, се разговараше за работата и поддршката кон развој што Шведска ги дава во нашата земја, посебно преку SIDA, за што вицепремиерот Битиќи изрази благодарност, а амбасадорката Ларсон ја потврди посветеноста и планот за натамошна соработка, како и целосната поддршка на нејзината земја во сите неопходни процеси на развој и интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. мч/дма/

Остани поврзан