• четврток, 26 декември 2024

Вицепремиерот Битиќи на Тркалезна маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој

Вицепремиерот Битиќи на Тркалезна маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе се обрати на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“. Како што соопшти Кабинетот на Битиќи, учеството на вицепремиерот на собирот, што ќе се одржи во хотелот „Хилтон Дабл Три“  со почеток во 10 часот, е на покана Канцеларијата на Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка. Тркалезната маса ќе започне со воведни обраќања од вицепремиерот Битиќи, шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојаниот претставник на УНДП во Скопје, Армен Григорјан. сп/

Остани поврзан