• четврток, 26 декември 2024

Вицепремиерот Битиќи и членови на Владата на конференција на „Економист“ за Западен Балкан во Приштина

Вицепремиерот Битиќи и членови на Владата на конференција на „Економист“ за Западен Балкан во Приштина
Приштина, 25 октомври 2022 (МИА) – Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за информатичко општество, Адмирим Алити, ќе учестуваат денеска на конференцијата на „Економист“ во Приштина – „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, конференцијата претпладне, во 9.15 часот, ќе ја отвори косовскиот премиер, Албин Курти, додека панел-дискусијата на која ќе учествува вицепремиерот Битиќи, на тема „Раст и развој на Западен Балкан“, ќе започне во 12 часот. Сесијата на која ќе се обрати министерот Бектеши, насловена „Отворање на патот на зелената транзиција“, ќе започне во 15,50 часот, а онаа на Алитипосветена на технолошките иновации во Западен Балкан, е закажана за 17.50 часот. Во македонската делегација која ќе учествува на конференцијата се наоѓа и заменикот министер за финансии, Филип Николовски, кој ќе има свое обраќање на панелот на тема „Инвестирање во Западен Балкан за модел на опстоен раст“. Покрај неколкуте претставници на Владата на Косово, меѓу кои и вицепремиерите Бесник Битиќи – задолжен за европски интеграции и Доника Грвала, воедно шефица на косовската дипломатија, на конференцијата ќе учествуваат и над дваесет домашни и странски експерти и раководители на организации и институции од областа на безбедноста, економијата, финансиите, технологијата, животната средина итн., како и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и шефот на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог. Еднодневната конференција на „Економист“ се одржува во приштинскиот хотел „Емералд“. иа/нд/

Остани поврзан