• среда, 25 декември 2024

Вицепремиерот Битиќи домаќин на бизнис делегација од Република Кореја

Вицепремиерот Битиќи домаќин на бизнис делегација од Република Кореја

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе има средба со бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја.

Како што соопшти владината прес-служба, бизнис делегацијата од Кореја ја сочинуваат претставници на светски реномираните компании Hyundai, Samsung, LG, Лоте, и Корејската трговска и индустриска комора.

- На средбата ќе се усогласи текстот на меморандумот за соработка со кој ќе се постават темелите на идната економска соработка меѓу Владата на Северна Македонија и Канцеларијата на претседателот на Република Кореја, се вели во соопштението.

По состанокот се предвидени изјави за медиумите пред платото на Владата во 13:30 часот. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан