• недела, 24 ноември 2024

Вицепремиерката Грковска го посети ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ во oпштина Шуто Оризари

Вицепремиерката Грковска го посети ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ во oпштина Шуто Оризари
Скопје, 1 септембри 2022 (МИА) - Бидете љубопитни и поставувајте многу прашања, им порача на учениците вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, при денешната посета во ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ во oпштина Шуто Оризари, по повод првиот ден на училишната година. - Сакам да ви порачам да бидете љубопитни, да поставувате многу прашања, да не се плашите ако нешто не знаете заради тоа што на денешен ден почнува вашата едукација која што никогаш нема да заврши и во текот на целиот живот секогаш ќе има работи што нема да ги знаете, меѓутоа ве охрабрувам за да имате храброст да признаете кога не знаете. Да не се плашите да прашате исто како што го правам тоа јас, како што го правиме сите ние заради тоа што тоа е единствениот начин како да постигнете успех во животот, истакна вицепремиерката Грковска. Таа им честиташе на учениците за почетокот на училишната година и на наставниците за целото трпение, енергија, ентузијазам што го имаат во текот на сите години да изградат генерации коишто треба да бидат вистинска основа за градење на иднината на државата. Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, им укажа на учениците дека ова е ново поглавје во нивните животи и оти почнуваат да го осознаваат светот. - Наставниците почнуваат со одликување на нашата нова генерација, родителите ќе имаат нова одговорност. Покрај воспитување на добри деца ќе почнат да воспитуваат и добри ученици, а вие ученици почнувате да го осознавате светот. Почетокот можеби ќе е предизвик за сите вас. Но, затоа кругот на поддршка е голем, рече Дудуш. Директорот на училиштето, Алвин Салимовски, информираше дека првачињата ќе ги имаат најубавите училници во училиштето. - Успеавме заедно со градоначалникот и со МОН училиштето да го направиме училиште каде што сите деца ќе може да се чувствуваат удобно со цел да го подобриме успехот на нашите ученици. Првачињата, вие ги имате најубавите училници во училиштето. Денеска вашите наставнички кои ве чекаат од утрово ќе ве прочитаат и заедно со вашите наставнички ќе одите во вашата училница да се запознаете, додаде Салимовски. сх/лв/ Фото: Андреј Бранковиќ

Остани поврзан