• четврток, 26 декември 2024

Митреска: Имаме висока усогласеност за интеграција во европската платна инфраструктура

Митреска: Имаме висока усогласеност за интеграција во европската платна инфраструктура

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Намалување на трошоците и подобрување на ефикасноста на плаќањата, олеснување на прекуграничната трговија и инвестициите, се само дел од многукратните придобивки од Единствената европска платежна област (СЕПА), беше оценето на панел-дискусијата посветена на интеграцијата на регионалните платни системи за олеснување на трговијата и подготовка на земјите од Западен Балкан за евентуална интеграција во еврозоната, во рамките на Форумот на економските министри за Берлинскиот процес што се одржа во Тирана на кој учествуваа вицегувренерите на Народната банка, Ана Митреска и Фадил Бајрами.

Оттаму, како што се наведува во соопштението од Народна банка, од висок интерес за земјите од регионот на Западен Балкан е приклучувањето кон СЕПА и поврзувањето со платежната инфраструктура на Европската централна банка, додека поврзувањето на регионалните платни системи со примена на европските стандарди и регулаторни барања и размената на искуства е значаен чекор напред кон остварување на овие цели.

Вицегувернерката Митреска истакнаla дека земјаva претендира на интеграција на платните системи во европската платна инфраструктура, заради што е спроведен и Проектот за модернизација на платните системи на Западен Балкан, под покровителство на Европската комисија, поддржан од Светската банка.

Вицегувернерката појасни дека транспонирањето на европското законодавство за платните системи е во релативно напредна фаза, коешто се должи на новата законска рамка, Законот за платежни услуги и платните системи, како и на сетот од 26 подзаконски акти, со кои се обезбедува спроведувањето на законот, усвоени  од Народната банка.

Притоа, додала дека во претстојниот период треба да се пренесат и други прописи коишто се однесуваат на СЕПА и прекуграничните плаќања. Покрај законските, потребни се и технички усогласувања на платните системи во земјава со стандардите што се практикуваат од СЕПА, поради што Народната банка, банките, како и операторите на платните системи, се фокусирани на нивно спроведување до крајот на 2025 година.

-Имајќи ја предвид комплексноста на овој процес, потребна е координација со другите централни банки во регионот на Западен Балкан, размена на знаењата и засилување на комуникацијата со релевантните институции во ЕУ, со цел да ги премостиме законските и техничките јазови, додека се подготвуваме за апликација во СЕПА, посочила вицегувернерката.

На панел-дискусијата учествувале и гувернерот на централната банка на Албанија, Гент Сејко, гувернерот на Косово, Ахмет Исмаили и вицегувернерките Ернадина Бајровиќ и Зорица Калезиќ како претставнички на централните банки на БиХ, односно на Црна Гора. дма/бак/

 

Фото: Народна банка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан