Виткоф: Спогодбата со Иран ќе зависи од ригорозна проверка на нуклеарната програма
- – Станува збор пред сè за проверка на збогатувањето на ураниумот, а потоа и за степенот до кој тој ураниум се трансформира во оружје, изјави Виткоф во интервју за емисијата „Ханити“ на „Фокс њуз“.

Вашингтон, 15 април 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, изјави дека постигнувањето дипломатски договор со Иран ќе зависи од детална проверка на иранската програма за збогатување ураниум и на нејзините воени аспекти.
– Станува збор пред сè за проверка на збогатувањето на ураниумот, а потоа и за степенот до кој тој ураниум се трансформира во оружје, изјави Виткоф во интервју за емисијата „Ханити“ на „Фокс њуз“.
Тој додаде дека преговорите вклучуваат и разгледување на иранските ракетни системи, видот на ракетите што Иран ги складира, како и уредите за активирање на бомби. ссм/
фото: архива